Еден 17-годишен Британец од Јоркшир се претставил како претприемач кој има 20 години и тврдел дека има флота авиони и тим соработници. Под името Адам Таит отишол во Њу Џерси и се состанал со директорот на аеродромот. Разговарале за авиокомпанијата, која наводно имала ниски цени и ќе го покривала европскиот пазар.
Бил толку уверлив што договорил и нареден состанок. Тврдел дека има флота од 12 авиони. Се обидел да потпише договор со неколку авиокомпании. Во телефонските разговори користел и други имиња за да остави впечаток дека има тим од соработници. Лажел цели шест месеци се додека новинарите не почнале да се сомневаат. Полицијата го испитала, но не го уапсила бидејќи наводно пател од аутизам.