Популарната пејачка Тина Тарнер наскоро би можела да стане државјанка на Швајцарија. Како што пренеле локалните медиуми, американската дива живее во едно од предградијата на Цирих.

На сајтот на локалното градско собрание било наведено дека на пејачката која има 73 години и било одобрено државјанство. Одлуката на градското собрание треба уште официјално да ја одобрат државните и федерални власти.