Американската пејачка ѕвезда Тина Тарнер, која живее во Швајцарија речиси 20 години, се откажала од американското државјанство, пишува Вашингтон Пост. Повикувајќи се на извештај од американската амбасада во Берн, весникот навел дека пејачката во таа амбасада во октомври потпишала изјава со која се откажува од американското државјанство.
Тина се омажила за 17 години помладиот германски продуцент Ервин Бах во јули, три месеци откако добила швајцарско државјанство. САД е една од ретките земји во светот која од своите државјани кои имаат постојан престој надвор од земјата бара да плќаат данок на приход, јавуваат медиумите.