Славната рокенрол баба, Тина Тарнер, ќе стане невеста. Имено, Тина ќе се мажи во 74-та година од животот. Таа одлучила да заплива во брачните води со својот 17 години помлад партнер, Ирвин Бах, со кој е во врска веќе 27 години.
Венчавката треба да се одржи годинава, и ќе биде посебен настан. Тина и Ирвин се запознале во 1986 година во Германија, за време на нејзина турнеја. Бах тогаш бил директор на дискографската куќа ЕМИ.
Ирвин многу одамна ја запросил, но Тина јавно рекла дека никогаш повеќе нема да се омажи, поради трауматичните искуства во претходниот брак. Но, се чини дека во име на љубовта, се предомислила.