Откако минатата седмица склопила цивилен брак со долгогодишниот партнер Ервин Бах, во циришката општина Куеснахту, Тина Тарнер приредила забава за време на викендот за 120 гости, по будистичката венчавка на нејзиниот имот покрај езерото во близна на Цирих. Швајцарските медиуми пренеле дека на свадбата во неделата биле повикани ѕвезди како пејачката Шаде, Дејвид Боуви и Опра Винфри. Портпаролката на полицијата, Естер Шурбер, открила дека властите привремено забраниле пловидба по езерото во близина на нејзиниот имот, како би спречила собирање на голем број бродови и евентуална несреќа, бидејќи многумина од граѓаните се капеле во езерото.

Како би ја осигурале својата приватност, парот поставил црвено платно долж целата градина, која се наоѓала на брегот од езерото. Сите гости на свадбата биле замолени да дојдат во бело, а вилата била украсена со 70 илјади рози и орхидеи. Пејачката 17 години помладиот германец, кој работел во дискографската индустрија, го запознала во 1986 година додела била на турнеја во Германија.