Пејачката Тина Тарнер за прв пат во седумдесет и третата година се сликала за насловната страна на модното списание “Вог“ и така официјално станала најстарата жена од насловната страна на споменатото списание.
Тина се сликала за германското издание на “Вог“. Покрај нејзината фотографија пишува “Едноставно најдобра“.

За снимањето се облекла едноставно, а сепак изгледала прекрасно. На неодамна одржаната турнеја, Тарнер покажала дека сеуште има линија за завидување, и дека нозете одлично и изгледаат. Инаку, Тина веќе десетици години наназад ја нарекуваат “најубавите нозе на шоубизнисот“.