Пејачката Тина Тарнер ќе го каже судбоносното „да“ во Швајцарија на 15 јули, било потврдено за медиумите. Тарнер и нејзиниот животен сопатник Ерви Бах ќе се заколнат на вечна љубов во нивната вила на брегот на швајцарското езеро.
Невестата која има 73 години ќе носи фустан на Армани кој го избрала за време на својот престој во Милано. Сите гости, меѓу кои и самиот Џорџо Армани, ќе бидат облечени во бело. Паротс е запознал во 1987 година, а живеат заедно во Швајцарија од 1995 година.