Легендарната американска пејачка Тина Тарнер го откажала одморот во Корушка, а Билд пишува дека 74 годишната пејачка имала благ мозочен удар, пренесува „Макфакс“.
Нејзиниот возач и соработник Алберт Б. За Билд изјавил дека Тина веќе се опоравува.
Инаку, ова не е првпат да се појавуваат шпекулации за здравствените проблеми на „рок бабата“. Во февруари исто се пишуваше дека таа доживеала мозочен удар, но нејзината служба за односи со јавноста тоа тогаш го демантираше, соопштувајќи дека станува збор за грип.
OhridNews
извор:„Макфакс“