Блескавата игра и маестралниот натпревар на Тимур Дибиров во дресот на Вардар на гостувањето во Веспрем му донесе индивидуално признание во Лигата на Шампиони, откако ЕХФ го смести во идеалниот тим за третата рунда во фазата по групи.

Летечкиот Дибиров со шест голови од осум обиди беше најпрецизен и најефикасен во составот на Вардар кој успеа да го совлада унгарскиот првак со 27-25. Левото крило е единствен преставник од „црвено црните“ во изборот на најдобрите, бидејќи во ниту една друга конкуренција нема ракометар од нашиот шампиони.

Изборот во идеалниот тим на ЕХФ, како и најдобрите голови и одбрани можете да го погледнете тука.

Идеалниот тим:

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Лев бек: Николај Маркусен (Силкерборг)

Среден бек: Јака Малуз (Целје)

Десен бек: Алекс Душабајев (Киелце)

Десно крило: Марио Шоштариќ (Пик Сегед)

Пивот: Лука Карабатиќ (ПСЖ)

Голман: Родриго Коралјес (ПСЖ)

OhridNews