Денеска зам. директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Зулфиќар Зејнулаи присуствуваше во Охрид каде беа извадени артилериски гранати кои датираат од Првата светска војна.

Тимот за спасување под вода ПОЗС Охрид специјализиран за пронаоѓање на НУС под вода, заедно со пиротехничарите на ДЗС во лоцираните места: Радожда во Струга, Сараиште и с. Пештани Охрид извадија 2 артилериски гранати од 155мм, 2 од 122 мм и 2 минофрлачки мини 75мм сите од Прва светска војна, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Акцијата за пронаоѓање на гранати во Охридското Езеро ќе продолжи според планот на ДЗС.