Оксана Григориева по втор пат ќе го тужи поранешното момче Мел Гибсон. Русинката првиот пат го тужела поради старателството за ќерката Луција, а сега сакала и да докаже дека ја тепал. За сведок ќе го повика и поранешниот Џемс Бонд, актерот Тимоти Далтон. Тврди дека му ги покажала модринките откако Мел ја претепал.
Тој се согласил да сведочи и наводно ќе потврдел дека под левото око Оксана имала модринка. Покрај тимоти, на пред судот ќе сведочела и нејзината лекарка Меди Шејни. Оксана тврди дека Гибсон и ги скршил двата предни заби кога ја удрил додека таа во прегратките ја држела нивната едногодишна ќерка Луција.