По серијата кражби на цркви во руралните средини, Синодот на МПЦ ги задолжил епархиите да преземат конкретни мерки на заштита.
– Црквите во градските средини се обезбедени со видео надзор и со други осигурителни средства, додека во селските средини најдобра заштита е човечки фактор, но таму претежно живеат стари изнемоштени лица кои не можат да се грижат за себе , а камоли за нашето културно благо. Затоа МПЦ донесе одлука секоја епархихја да обезбеди простор каде ќе се чуваат највредните икони, а ќе се трудиме и натаму да ги заштитуваме што е можно повеќе и помалку вредните икони во селата, истакна митрополитот Тимотеј.