По повод големиот успех кој го оствари тимот од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на меѓународниот натпревар по роботика „Балкан Јуниор 2024“ каде го освои првото место, беше остварен прием кај градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и раководителот на секторот образование Димитар Спасески.

На приемот присуствуваа учениците Кристијан Толески и Горазд Јованоски, професорите Владо Јанкулоски, Сања Јованоска, Љупчо Балески и Тоде Дукоски, советникот во Советот на Општина Охрид, Александра Настоска Николоска, како и директорот на училиштето, професорот Сашо Недески.

На средбата учениците ги искажаа своите впечатоци од самиот натпревар, а го запознаа градоначалникот со карактеристиките и учесниците на овој натпревар како и неговиот тек. Беше истакнато значењето на овој натпревар како уште еден начин за промоција на нашиот град и држава. Беа истакнати позитивните искуства кои нашиот Центар ги има здобиено како резултат на учествата на овие натпревари кои придонесуваат кон развојот и унапредувањето на стручното образование, информираат од училиштето.

Воедно од училиштето искажуваат голема благодарност кон градоначалникот Пецаков и локалната самоуправа на општината за подршката која ја даваат при спроведувањето на активностите поврзани со учеството на овој престижен меѓународен натпревар.

OhridNews