Успешно завршен првиот Хакатон организиран во Старт ап центарот Касарна Хаб во Охрид.

Предизвикот Chatbot Lottery беше решен. Победник на првиот хакатон организиран во Касарна Хаб е тимот на Владимир Дукоски и Јован Каневче, информираат организаторите.

Воедно упатуваат и благодарност до ментори, Дејан и Климент Ламбевски, како и до целиот тим на Касарна Хаб.

Како што претходно информираа организаторите победникот ќе стане акционер во компанијата кој го иницираше Хакатонот.

Од Касарна Хаб денес информираат и дека Старт ап центарот стана втора локација во Македонија за Game Jam+ 2022/23, а апликациите започнуваат на 23 август.

OhridNews