Албанскиот тим Кукеши, кој од клупата го води поранешниот репрезентативец Артим Шаќири го торпедираше Караорман победувајќи го 8-1 на „Атина Бојаџи“.
Разликата во квалитет беше очигледна и уште во првиот дел им донесе убедлива предност на „белите“ 4-1.
Исто толку погодоци пулените на Шаќири постигнаа и во вторите четириесет и пет минути за конечни 8-1.
Кукеши по седум одиграни натпревари во албанската Супер лига се наоѓаат на првата позиција додека Караорман мака мачи во Трета лига и е на претпоследната позиција.
Мх.П.