Екипата од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ Охрид составена од учениците Кристијан Толески III -4 и Горазд Јованоски III-3, од профилот – електротехничар за компјутерска техника и автоматика, со менторите м-р Љупчо Балески и м-р Сања Јованоска го освоија првото место на меѓународниот натпревар по роботика „Балкан јуниор 2024“, кој се одржа во Истанбул.
Во силна конкуренција со учесници од седум балкански држави тимот на овој престижен Меѓународен натпревар успеа да се пласира на врвот.
Им благодариме на сите предметни професори кои беа вклучени во овој проект, а посебна благодарност до професорите Владо Јанкулоски од електротехничка струка и Тоде Дукоски од машинската струка. Им честитаме за освоената прва награда и им посакуваме уште многу успеси во иднина, вели директорот на училиштето Сашо Недески.
Ученици од ОЕМУЦ три години по ред ја освојуваат првата награда на овој Меѓународен натпревар.
OhridNews