Прволигашот Напредок од Кичево наредните два првенствени натпревари ќе ги одигра без публика. Екипата на охриѓанецот Драган Бочески која грчевито се бори за опстанок, натпреварите против Милано и Македонија ЃП ќе ги одигра пред празни трибини.

Ваквата казна се должи инцидентот од страна на домашните навивачи по завршување на средбата со ФК Турново Х. При што со снежна топка во пределот на окото е повреден тренерот на гостите Аце Стојанов.

ohridnews