Судијата пресуди дека Тимошенко, додека ја извршувала функцијата премиер на Украина, ги надминале своите овластувања со издавање директиви без одобрение на владата за разговорите со Москва околу цената по којашто ќе се набавува рускиот гас, кои не биле соодветно формирани.
Обвинителството на Украина смета дека Тимошенко има потпишано штетни договори за набавка на гас од Русија во 2009 година заради подобрувањето на својот имиџ пред претседателските избори од 2010 година. Таа ги загуби изборите.
Државното обвинителство на Украина, инаку, во обвинението побара од судот да ја прогласи виновна Тимошенко со барање за пресуда токму од седум години затвор.
извор: „Макфакс“