Австрискиот тенисер Доминик Тим е вториот протагонист во финалето на францускиот грен слем турнир Ролан Гарос. Тим во финалето силите ќе ги одмери со Рафа Надал.
Тим во полуфиналето го совлада најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ во меч кој беше прекинуван три пати и играше два дена. Австриецот славеше 3-2 во сетови (6-2, 3-6, 7-5, 5-7, 7-5).
Полуфиналниот двобој изобилуваше со добар и квалитетен тенис, а во маратонскиот меч подобро се снајде Тим. 25-годишниот тенисер поведе со 1-0 во сетови, Ѓоковиќ изедначи на 1-1. Во третиот сет Тим ја врати предноста, но и Ѓоковиќ врати за нов егал. Решавачкиот сет изобилуваше со освоени гемови на противнички сервис, а во таква ситуација поумешен излезе Тим кој го доби 12-от гем и ја завери победата и пласманот во финалето.
Надал уште вчера ја завршија својата работа совладувајќи го Рожер Федерер со 3-0 во сетови. Шпанецот во финалето ќе ја брка 12-та титула, додека Тим ќе атакува на дебитанскиот трофеј од големите турнири.
OhridNews