Тим од ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски” меѓу најдобрите во државава. Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Дарко Крлески и Александар Спасеновски, сите од III-3 клас, заедно со менторката Ирена Ралева-Најдевска, со својата мобилна апликација за детекција на отпад – TrashPinger, учествуваа во програмата на RISE – програма за идни млади социјални и зелени претприемачи.
Во конкуренција од 31 пријавен тим, нашиот тим од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успеа да се пласира во најдобрите седум тима од цела држава, велат од училиштето.
Истакнуваат дека на 24 октомври минатата година тимот успешно го поминал интервјуто со жири-комисијата и успеал да се пласира понатаму.
OhridNews