Тимот GreenForce од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ -Охрид со својата мобилна апликација за детекција на отпад – TrashPinger учествуваше во програмата на RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs) – програма за идните млади социјални и зелени претприемачи.

Во конкуренција од 31 пријавен тим, нашиот тим од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ успеа да се пласира во најдобрите осум тима од цела држава. Тимот GreenForce составен од учениците Ана Спироска, Ана Атанасовска, Климент Маријаноски, Александар Спасеновски и Дарко Крлески, сите од III-3, под менторство на проф. Ирена Ралева-Најдевска, успешно го поминаа интервјуто со жири-комисијата и успеаја да се пласираат во втората фаза од овој програм, велат од училиштето.

Додаваат дека изминатов викенд ученичката Ана Спироска и менторката Ирена Ралева-Најдевска успешно ја поминаа програмата за вовед во социјално претприемништво од страна на RISE програмата. Оваа обука се одржа во Скопје.

Во периодот што следува им претстојат осум онлајн и три физички средби за доразвирање на оваа идеја и во февруари 2024 година ќе се претстават во живо пред стручното жири, додаваат од училиштето.

OhridNews