Тим од ОЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски” – Охрид како партнер на проектот САПЕ – Зајакнување на претприемничките компетенции на практикантите од средните стручни училишта беше дел од Глобалната конференција за претприемништво 2024 организирана од CEFE Macedonia – ЦЕФЕ Македонија.
Општата цел на конференцијата беше промовирање на претприемништвото и потребата за негова застапеност во образовниот систем. Токму затоа, на оваа панел-дискусија претставниците од нашиот Центар ги споделија своите позитивни искуства во спроведувањето на овој проект и тоа во делот на воннаставните активности во рамки на ЛМО при ОЕМУЦ, велат од училиштето.
На конференцијата присуствувале претставници од образованието, претприемачи, претставници на туристички сектор, претставници на јавни институции, поддржувачи на образованието и креирачи на политики, како и аинтересирани за претприемништво, бизнис и доживотно учење.
OhridNews