Првиот тим за спасување составен од 40 лица од Дирекцијата за заштита и спасување од синоќа се на терен во градот Адијаман, Турција и веднаш се приклучени во операциите за пребарување и спасување.

Како што соопштија од ДЗС, истовремено се прават процени за потребите на терен и да се подготви за пристигнување вториот тим кој е во близина.

Тимовите навреме и брзо се одвоија во помали тимови и се упатија на различни места за спасување во градот Адијаман, се наведува во соопштението.

Инаку, бројот на загинати во силниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија се зголеми на 17.176.

OhridNews