Легендарниот кошаркар на Сан Антонио, Тим Данкан ќе се врати во клубот и под менторство на Грег Поповиќ ќе почне со тренерската кариера.

Еден од најдобрите центри во НБА лигата ќе биде асистент во стручниот штаб на Поповиќ, кој не го криеше задоволството од новата соработката со Данкан.

Затоа што му бев лојален 19 години дојде време Данкан да ми возврати и да се приклучи во мојот тим. Тој ми е како син, сродна душа и повеќе од кошаркар. – изјави Поповиќ.

Данкан од 1997 до 2016 година Данкан го носеше дресот на „мамузите“ и беше прва виолина во освојувањето на петте титули.

OhridNews