Составот на Тампа Беј предводен од Том Брејди го освои трофејот во 55-то издание на Супербоул, победувајќи го Канзис Сити во финалето со убедлив резултат 31-9. За Тампа Беј ова е втор трофеј во клупската историја. Првиот го освоија во 2003 година.

Екипата на Канзис Сити како благ фаворит влезе во финалниот дуел, но тимот на Тампа Беј одигра без грешка во двата правци и доминатно славеше во финалето. Одлуката за победникот падна во втората четвртина кога Тампа Беј со две раце ги прифати поклон поените од противникот. Тампа Беј се одлепи на 21-6, што се покажа доволно за победа во големото финалето.

Очекувано, кај Тампа Беј во напад најдобар беше Том Брејди кој префрли 201 јарди и три додавања за „тачдаун“. За легендарниот Брејди ова беше десетто финале на Супербоул и успеа да победи во седум од нив, што претставува најдобар учинок.

OhridNews