Организаторите на највозбудливиот спортски настан во Охрид за оваа година Картинг трката Римо подготвија понуда плус, организирајќи тим билдинг трка за која заинтересираноста е голема. Во тим билдинг трката ќе може да учествуваат сите компании и институции без разлика дали имаат возачка искуство.

  • Понуда ќе имаме за секого кој ќе биде заинтересиран, а дружење и забава загарантирана. Како што најавивме и претходно, ќе го негуваме натпреварувачкиот дух без кој не може авто-мото спортот, но ќе гаиме пред се дружба помеѓу учесниците, проследена со добра забава. – изјавија организаторите.

Неколку успешни охридски компании го пријавија учеството на тим билдинг трката и ќе бидат дел од највозбудливиот настан во Охрид кој ќе се одржи на 1 и 2 септември.

 

Пријавувањето трае до 30 август. Ден потоа сите учесници со организираторот ќе имаат технички состанок, а викендот следува долгоочекуваниот спортски настан.

OhridNews