Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на охриѓани и туристите од сите возрасни групи. Со уредувањето нови и одржувањето на постојните паркови придонесуваме за поубав и позелен лик на градот, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски.
– Изградбата на новите атрактивно пешачко-рекреативни патеки од мостот кон Хотелот Парк и од Котва до Билјанини Извори, несомнено наметнаа потреба на просторот од пресекот на улиците „Кеј Македонија-АСНОМ“ до ресторанот „Котва“, да се изгради нов парк со содржини во кои гостите и охриѓани ќе поминуваат дел од своето време. Модерно хортикултурно-уреден простор оплеменет со клупи за одмор и релаксација и чешми во автентичен стил. Во рамките на овој парк ќе има парк за миленици, рече Тилевски.
Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ додаде дека паркот „Студенчишта“ ќе биде ново препознатливо место за Охриди дека целта на овој проект е дооформување и разубавување на делот околу Охридското Езеро.
– Со уредување на паркови на влезовите на Охрид ќе се придонесе за разубавување на ликот на просторот на самиот влез на градот, потенцира Тилевски.
OhridNews