Реконструкција на излозите во охридската чаршија, најави на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски, потенцирајќи дека станува збор за замена со традиционални типови дограма.
– Целта на проектот е враќање на автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија, преку изготвување на идејни решенија, стандарди и правилници за уредување на угостителски тераси, тенди, дуќани и излози и замена на постојните алуминиумски и пластични разнобојни дограми и излози со традициоанална висококвалитетна дограма, рече Тилевски.
Најави и поставување на типизирани тезги и како што појасни проектот опфаќа определување и уредување на изложбено-продажен простор во Чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и сл. и нивна замена со досегашни тезги на строго определени локации на градот.
– Предвидено е и поставување на рекламни билборди со фотографии од стар Охрид. Изобилството на стари автентични фотографии со локации од Охрид од минатото е одлична можност за привлекување на вниманието не само на туристите, туку и на граѓаните на Охрид, со цел враќање во времето низ еден визуелен времеплов и согледување на самата еволуција на градот. Билбордите ќе се постават на повеќе локации од градот со автентични фотографии како сведоштво за изгледот на градот во минатото, потенцира Тилевски.
OhridNews