Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски, најави изградба на спортски и детски игралишта на повеќе локации во Охрид. Како што потенцира на денешната прес конференција, досегашната практика на инвестирање и создавање услови за спортување на сите генерации и за правилен физички развој, постојано се докажува како највредна инвестиција корисна за сите граѓани.
– Изградба на спортско и детско игралиште со уредување на околниот простор во Елшани, изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за фудбал, кошарка, ракомет и осветлување според најсовремени спортски стандарди, изградба на игралиште опремено со детски реквизити во рамки на основното училиште. Спортско и детско игралиште во Долно Коњско, изградба на спортско игралиште опремено со реквизити за фудбал, кошарка, ракомет како и осветлување според најсовремени спортски стандарди, изградба на детско игралиште опремено со детски реквизити. Реконтрукција на повеќенаменско спортско игралиште во Пештани, целосна реконструкција на постојното спортско игралиште и изградба на трибински простор како и осветлување според најсовремени стандарди. Изградба на балон сала и повеќенаменско спортско игралиште во Урбана Заедница „Железничка“, најави Тилевски.
Тилевски додаде дека во изборната програма предвидена е и изградба на спортски балон за фудбал со вештачка трева и повеќенаменски терен со сите реквизити во населбата Железничка.
OhridNews