Рехабилитација и надградба на колекторски систем, Изградба на пречистителна станица и фекална канализација во Трпејца, Изградба на канализациона мрежа и пречистителна станица за отпадни води во Трпејца, најави кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски на денешната последна прес конференција пред изборниот молк што започнува на полноќ.

– Започната е реализацја на проектот за изградба на фекална канализациона мрежа и станица за третман на отпадните води во Трпејца, Општина Охрид. Основната функција на проектот е од една страна спроведување на адекватно прибирање на отпадните води од домаќинсствата и транспортирање на отпадните води до пречистителната станица, додека пак од друга страна заштита на Охридското Езеро со флората и фауната која ја поседува. Согласно местоположбата на Трпејца, ќе се изгради посебна пречистителна станица и канализациона мрежа со цел да се надмине проблемот на третирањето на отпадните води, рече Тилевски.

Предвидена е и рехабилитација, реконструкција и доградба на канализациона мрежа за собирање на отпадните во Охридскиот регион.

– Со цел заштита на водите во Охридското Езеро, изготвена е студија на изводливост од врвни експерти и утврдени се приоритетни активности. Согласно утврдената динамика на приоритетност, ќе се преземат активности за изградба на резервоар за првично собирање на отпадните води на брегот на езерото и ќе се создадат услови за почеток на санација на првичните 31 км од канализационата мрежа на примарниот колекторски систем воведувајќи нова технологија, без ископ, рече Тилевски.

Тилевски најави и надградба на пречистителна станица за отпадни води во Враништа и проширување на колекторскиот систем за Охридското Езеро. Како што рече, проект кој ќе овозможи надградба на постојната пречистителна станица за отпадни води во Враништа што ќе помогне да се прошири канализациониот систем за собирање на отпадни води околу Охридското Езеро.

Со изборната програма на ВМРО ДПМНЕ предвидена е изградба и на Марина, со цел да се задоволат потребите за сидрење на бродови и рекреативни пловни објекти и да се пресретнат потребите од зголемен број пловни објекти во иднина. – Се предвидува изградба на нова марина со најсовремена инфраструктура која ќе овозможи сместување на минимум 300 помали пловни објекти како едрилици, глисери, чамци и сл. 10 бродови и осовременување на пристапите за бродови и зголемување на просторот за нивно маневрирање. Марината ќе биде комплекс кој ќе има и останати содржини како ресторан, продавница за наутичка опрема, сервис за пловила, бензиска пумпа, паркиралиште за возила и приколки, административен дел и магацински простор. Се надеваме на искрена соработка од  Владата на РМ за реализација на овој проект, најави Тилевски.

Кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ информира и за предвидените проекти за ревитализација на Студенчишко Блато, Уредување на плажи,
Плажа за инвалидизирани лица со посебна рампа за влегување во езерото, Проект за финансирање на кампањи за почист град, за подигање на свест, за чување на општествени добра, за заштита на човекова околина, Имплементирање на мали инфраструктурни проекти за локалните заедници во насока на заштита на Езерото.

На денешната прес конференција Тилевски ја најави и мерката 1:10, што значи за секое пресечено дрво во централното градско подрачје, пред добивање на Решение од Комисијата за преземање на мерки и активности, за отстранување на дрва на подрачјето на Општина Охрид, а кои претставуваат опасност по имотот и животот на граѓаните, да се задолжи барателот да обезбеди и да засади 10 нови дрвца.

Со изборната програма предвидено е и Уредување на просторот околу вулканот Косел,  Реконструкција на речното корито на реката Сушица, Одбелжување на значајни еколошки датуми.

– Заедно можеме да го направиме нашиот Охрид уште по препознатливо место и туристичка дестинација. 13 за работа, сигурност и напредок. 13 за проекти мерки и дела за охриѓани. 13 за нова визија за Охрид и продолжување на светлата иднина на Охрид на чело со советниците од редовите на ВМРО-ДМПНЕ и новиот градоначалник. Имам визија За Охрид, имам тим околу мене со полн капацитет, и затоа нека бројот 13 биде единствениот избор за вистинскиот сјај на Охрид, порача Тилевски.

OhridNews