Охрид-лулка на културните цивилазации, ризница од традиционални, историски и религиски вредности. Уникатните вредности во градот ни даваат насока и обврска за културен учинок во секоја активност која ја цениме како промотор на Охрид, почитување на неговите вредности и зачувување на градските ликови и нивните дела, рече на денешната прес конференција што ја одржа во дворот на црквата Св.Софија, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски.
– Посветено работиме на градење и поттикнување на културата како темелна вредност на Охрид. Но, не застануваме тука. Охридската култура е дел од македонскиот идентитет, македонската култура нже издвојува, но и нже соединува со Светот, истакна Тилевски.
Додаде дека со изборната програма опфатени се повеќе проекти кои се однесуваат на културата. Меѓу нив, обележување на културните историки и археолошки локалитети со легенда, означување на локациите во стар град каде се напишани староградски песни со кратка легенда и текст на песната.
Тилевски потсети и на досега воспоставените активности од областа на културата и реализирани проекти, како што е организацијата на христијанските празници Богојавление-Водици и Св. Василиј – Василица, Божиќната литија, настанот „Сите кон Св. Климент“ и Свечена градска академија, организација на Ифтарска вечера за припадниците од муслиманската вероисповед, поддршка на фестивалот на Египќани, завршување на фрескоживописот во црквите „Св. Климент“ и „Св. Пантелејмон“ – комплекс Плаошник, конзервацијата на фрескоживописот на црквите „Св. Софија“, „Св. Никола Болнички“ и „Св. Богородица Болничка“.
– Големиот број настани и промоции кои го позиционираат Охрид во редот на развиени културни средини се белегот на иднината: фестивалот Охридско лето, Балкански фестивал на народни песни и ора, Охридски хорски фестифал, Француски филмски фестивал, Охрид фест, Канео фест, Прличеви беседи, Поетска ноќ во Велестово и уште многи други. Почитувани во нашата Визија за Охрид и посветла иднина сже што имаме зацртано како цел е реално и остварливо. Ние секогаш сме биле искрени и сме ја зборувале вистината. Затоа сакам да потенцирам: се надевам дека ќе пронајдеме стратешки партнер во името на Владата за реализација на два проекта од исклучително значење како нови атракции за градот Охрид:изградба на охридска градска куќа-Долни Сарај(типична стара охридска куќа) и изградба на Музеј на Охридското езеро (флората и фауната во езерото, сите видови риби кои се застапени во езерото), рече Тилевски. Потенцира дека Охриѓани се достојни да добијат современи објекти.
Кандидатот за градоначалник Тилевски на почетокот на прес конференцијата, од негово име и од името на партијата ВМРО-ДПМНЕ и кандидатите за советници ја честита педесет годишнината од возобновувањето на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
OhridNews