Потенцијалите и изобилството на туристичките можности го поставуваат Охрид високо на туристичката мапа на Македонија. Место каде што се судираат античката и историската култура со модерната и современа култура. Нашиот долг и наша обврска е да продолжиме Охрид да го градиме и да биде уште попозната туристичка дестинација, рече на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Митко Тилевски.

При тоа Тилевски го најави проектот за изградба на современо уреден кеј, како што рече, со чија реализација ќе се придонесе кон забрзан развој на инфраструктурниот и туристичкиот сектор.

– Градскиот кеј како најрепрезентативно и најпосакувано место во градот, во моментов се наоѓа во лоша состојба и со сериозно нарушена статика. Проектот опфаќа реконструкција, санација и уредување на Градскиот кеј, да се изврши замена на бекатон плочките, да се отстрани и да се постави нова инсталација. Ново осветлување, нови клупи со што целиот Кеј ќе добие комплетно нов лик, изјави Тилевски.

Тилевски нагласи дека новиот Градски Кеј ќе биде и нов лик на градот, модерно шеталиште во кое охриѓани и гостите ќе можат да поминуваат дел од своето слободно време.

OhridNews