Туризам. Туризам. Туризам. Вака ја започна денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата д-р Митко Тилевски.

– Отворање на туристички Биро во рамките на ТЛЕР. Со проектот се предвидува формирање на Туристичко Биро на град Охрид кое ќе биде сместено во Туристичкиот-информативен центар. Примарна цел ќе биде промоција на туристичката понуда и производ на градот, давање услуги во посредување при сместување, инфомација за настани и туристички производи, дистрибуција на промотивен материјал и сл. Перманентна промоција на туристичкиот потенцијал на Охрид преку директни промоции во повеќе градови.
Охрид и неговиот потенцијал и понатаму ќе биде промовиран во повеќе европски градови преку таргетирана промоција на која пред поканети туристички работници (туроператори, агенции, хотелиери и сл.) и локални и национални медиуми, амбасади и претставници на властите ќе бидат промовирани туристичкиот потенцијал и производ на градот, сместувачките капацитети и целокупната понуда. Истовремено на истите се одржуваат и директни средби помеѓу туристичките работници од Охрид и од земјата-домаќин со цел воспоставување на директна соработка и зголемување на застапеноста на Охрид на тамошниот туристички пазар. – рече Тилевски.

Тој најави традиционално одржување на туристичката „Промотивна тура“ и поддршка на културни манифестации и фестивали како што е “Ohrid calling”.

-На фестивалот секоја година ќе настапуваат светски реномирани изведувачи како магнет за голем број посетители, како од државата така и од соседствотои европските држави. Со тоа Охрид добива нив бренд кој во голема мера ќе го промовира Охрид насекаде низ светот, аа истовремено придонесува за зголемување на бројот на туристи. – рече Тилевски.

Меѓународната соработка, додаде Тилевски, ќе оди во насока на континуирана туристичка промоција на Охрид и интензивирање на меѓународната соработка.

-Релациите кои општина Охрид ги одржува и гради со збратимените градови и со градовите со кои заедно аплицира, како и таргетираните дестинации во кои се врши промоција на градот Охрид, ја јакне меѓународната соработка и ја зголемува довербата. калната самоуправа и понатаму ќе ги интензивира контактите и соработката со институциите од соседните држави во насока на заедничка соработка и комуникација со цел подготовка, аплицирање и имплементација на што поголем број на проекти во европските фондови и програми во делот на образованието, културата, спортот и заштита на културното наследство. Охриѓани заслужуваат подобра иднина, охриѓани живеат од и за туризмот! Тие препознаваат што е грижа за нив и знаеме дека сме на иста заедничка линија. Бројот 13 нека биде бројот за подобар туризам, подобар туристички развиен Охрид. – истакна Тилевски.

OhridNews