Американецот Алекс Вер веќе неколку години воодушевува со своите уметнички тикви, на кои ги резба ликовите на славните актери, телевизиски лица и ликови од филмовите. На својата интернет страница напишал дека со резбањето започнал сосема случајно, кога пред две години неговата сопруга Ребека го замолила да украси една тиква за компанијата во која работела.


Тој го изрезбал логото на компанијата и врежал пригоден текст. По неколку дена почнал да прима нарачки од колегите на сопругата, кои на тиквите ги сакале ликовите од своите деца. Набрзо портокаловото царство почнало да расте, а Алекс секоја година има се повеќе и повеќе работа.