Новајлијата во македонската Супер лига, Тиквеш ќе биде новиот спаринг партнер на охридските ракометари во контролните натпревари од подготвителниот период.
Натпреварот ќе се одигра в петок во 19 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ пред празни трибини.
За „гладијаторите“ ова ќе биде петта тест средба во подготовките, откако четири мечеви одиграа на струшкиот ракометен турнир. Охриѓани на турнирот во Струга забележаа победи над Бутел Скопје и Еурофарм Пелистер 2, додека порази претрпеа од Вардар и Металург и завршија на четвртата позиција.
OhridNews