Сите честитки за РК Тиквеш од Кавадарцои кој во возбудливо и крајно неизвесно финале го совлада Партизан од Белград по изведување на пенали 33:32 (29:29) и го освои Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“, што денеска и вчера се одигра во салата „Билјанини извори“ во Охрид во организација на ГРК Охрид, а под покровителство на Општина Охрид.

Од редовите на победникот доаѓа и најкорисниот играч на турнирот. Наградата ја понесе извонредниот бек Страхиња Симиќ кој блескаше во финалето во кое постигна 12 гола.

Наградата најдобар стрелец ја освои Урош Којадиновиќ од РК Партизан, а голманот на „црно белите“ Андреј Трнавац беше прогласен за најдобар чувар на мрежата на турнирот.

Трофејот на победникот го врачи градоначалникот на Општина Охрид Кирил Пецаков.

Организаторот најави дека турнирот ќе прерасне во традиционален.

Г.М.