Ракометарите на Охрид доживеаја пораз на премиерата на Меморијалниот турнир „Крсте Андоновски – Усташ“. Вечерва во салата „Билјанини извори“ во возбудлив меч ГРК Охрид загуби од Тиквеш 22:24, полувмере 08:10.
Каварадчани добро ги искористија сите пропусти на Охрид во првото полувреме и заслужено заминаа на одмор со предност од +2. Во вториоит дел Охрид се разбуди, најпрвин го стигна, а потоа и го презеде водството од Тиквеш. Кога се чинеше дека Охрид може да се одлепи на сцена стапи екс „гладијаторот“ Јагош Брауновиќ кој беше несовладлив на голот на „винарите“. Во клучните моменти тој одбрани неколку зицери дури три пенали овозможувајќи им на соиграчите да се вратат во водство, кое умешно го сочуваа до крај.
Кај Охрид најефикасни беа Ончев со 7 и Бојаниќ со 6, а кај победниците Хамзиќ постигна 6 гола.
Претходно Партизан го совлада Тинекс Пролет 35:34 по изведување на пенали (30:30).
Во борбата за 3 место Охрид утре од 15:30 се среќава со Тинекс Пролет, а за трофејот од 18:00 ќе се борат Партизан и Тиквеш.
OhridNews