Екипата на Тиквеш од Неготино ќе биде првата пречка за тимот на Лабуништа во баражот за пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Тиквеш и Лабуништа на две рунди до крајот ја обезбедиja вицешампионската позиција во Втората МФЛ и по потешкиот пат ќе бркаат место во македонска фудбалска елита.

Двете екипи бараж средбата ќе ја одиграат на 2 јуни во Скопје. Победникот од бараж дуелот ќе се судри со претпоследниот од Првата МФЛ, кој се уште не е познат.

Извесно е испаѓањето на Победа и влегувањето на Струга Трим Лум и Борец како шампиони од западната односно источната лига.

OhridNews