Екипата на Тиквеш од Кавадарци за прв пат во историјата го освои Купот на Македонија. Во финалето од 31 издание на националниот Куп, Тиквеш со 2:1 ја совлада екипата на Воска Спорт.
Кавадарчани беа подобар противник. Имаа водство од 2:0 со головите на Стојкоски и Силва,, но во финишот Воска искористи една грешка на противничкиот голман Ренер и намали на 2:1 со голот на Шаркоски, а во екстра времето тимот од Охрид имаше и стопроцентна шанса за израмнување, но Ренер на бравурозен начин спаси чист гол.
Со оваа победа Тиквеш обезбеди учество во квалификациите за Конференциската лига.
Г.М.