Од цвет до чудовиште за само 100 дена. Толку му било потребно на сопственикот Марк Бринган од Нов Зеланд да одгледа тиква тешка 392 килограми. На натпреварувањето за големи тикви во Тауранг во неделата без поголеми проблеми ја победила конкуренцијата. На натпреварот била донесена со вилушкар.


Организаторот на натпреварувањето рекол дека толку голема тиква не видел веќе 10 години. Додал дека Марк се обидува нешто вакво да направи веќе десет години. На крајот конечно може да се каже дека успеал во своите намери. Сопственикот сеуште не ги открил плановите со тиквата. Засега неговиот син ја употребува како фотелја.