Џиновска тиква тешка 821 килограм која ја одгледал Крис Стивенс од американската држава Висконсин, официјално била прогласена за најтешка тиква на светот. Таа е за 38,5 килограми потешка од досегашната рекордерка која минатата година била запишана во гинисовата книга на рекорди. Обемот на новата рекордерка изнесува 4,7 метри.


Стивенс џиновската тиква ја претставил на почетокот на октомври на фестивалот на жетвата во Минесота. Тогаш на присутните им ја открил тајната за нејзината големина, која се состоела од мешавина на сонце, дожд, кравји измет, рибна емулзија и алги.