Поп пејачката Тијана Дапчевиќ, која е во петтиот месец од бременоста, одлучила пред породувањето да се слика гола и да го покаже својот труднички стомак. Тијана на овој потег се одлучила по долгото наговарање од своите пријатели и познатиот фотограф Дејан Миличевиќ, кој со своите стилисти, фризери и шминкери, ќе сними уметнички фотографии.


Тијана сетот фотографии ќе го изработи по примерот на најпознатите светски ѕвезди кои во поодминатата бременост ги изложиле фотографиите во јавност. Се договориле со Миличевиќ сликањето да се изработи во јануари, пред самото породување. Сликите ќе бидат уметнички, а Тијана фотографиите нема да ги отстапи на ниту еден весник, туку ќе организира несекојдневна изложба на своите “труднички“ фотографии.