Најпопуларната Македонка во Србија, пејачката Тијана Дапчевиќ и нејзиниот сопруг Милан станаа родители.

Тијана се породи со царски рез, а синот Вук е тежок три килограми и долг 50 сантиметри.

Медиумите во Србија објавија дека Тијана требало да се породи кон крајот на месецов, меѓутоа лекарите процениле дека е подобро да и го поместат терминот. Пред неколку дена пејачката е сместена во приватен апартман на една гинеколошка болница во Белград, а со неа цело време бил нејзиниот сопруг Милан Дапчевиќ.

ohridnews