Чуварите во паркот за диви животни во Кина велат дека нивните тигри се толку питоми што се плашеле и од кокошките кои требало да ги јадат. Паркот поседува пет ретки бели тигри кои се тренирани за изведување трикови за публика. Чуварите се обиделе да ги натераат да го почувствуваат повикот на природата со послужување на живи кокошки, но без успех. Тие толку се уплашиле што не им ни пришле на кокошките.
По подолго време една од кокошките се онесвестила. Кога тигрите собрале храброси и и’ се приближиле, таа повторно се разбудила и закокодакала. Тигрите се разбегал од страв за своите животи. Сега чуварите ги тераат да останат надвор од кафезот по 12 часа за малку да “ојачаат“. Исто така планираат да доведат нов тигар кој ќе ги поучи како треба да се однесуваат.