Три бели тигри во зоолошка градна во Сингапур нападнале и го убиле 32 годишниот малезиски работник кој се нашол во „друштво“ на овие многу опасни животни.


Несреќниот Нордин Монтонг влегол во кафезот каде што го нападнале тигрите. Наспроти брзата интервенција на чуварите, кои  го извлекле Монтонг, тој починал пред да пристигне брзата помош.

Веднаш по инцидентот изложбата на опасните бели тигри била прекината. Спрема податоците, белите тигри се загрозен животински вид, а во светот се останати помалку од 4.000.