Тигрите Владимир, Наталиа и Доминик се родени во парк за диви животни на 11-ти мај минатата година, а Даглас Ричардсон, експертот за животни во паркот истакнал дека во природата се останати помалку од 500 сибирски тигри. Откако со помош на колегите им направил торта од месо, изјавил дека младенчињата уживаат кога јадат свежо месо, па затоа одлучил да ги почести со таква торта.
Младенчињата се потомци на мажјакот Јури и женката Саша, тигри транспортирани минатата година од зоолошката градина во Единбург. Јури и Саша досега се родители на шест тигри. Без оглед на нивниот изглед и големина, Владимир, Наталиа и Доминик сеуште не се потполно развиени и ќе продолжат и понатака да растат.