Припадниците на специјалната полициска единица „Тигри“ изминатите два дена во Охрид вежбаа како од бродот „Галеб“ да извлечат и спасат ВИП личности. Оваа вежба специјалците ја изведоа со цел да постигнат поголема подготвеност во случај на несакан развој на ситуацијата доколку на бродот би биле државници, амбасадори или други ВИП личности. Вежбите опфаќале и превентивни проверки, за истражување и проверување на теренот и бродот.


„тигрите“ го сардисаа „Галеб“

– Во состав на единицата „Тигар“ е и нуркачкиот тим кој има за задача првично да врши пребарување и истражување на теренот и осуетување на диверзантски операции. Кога велам пребарување мислам на минскоексплозивни средства на бродот, под бродот, на палубата, на езерското дно итн, а од аспект на диверзантските актвности нашата нуркачка единица би била вклучена доколку од копно и воздух не е можно да се дејствува. Се разбира со соодветна опрема и оружје- вели Зоран Стевиќ, главен инспектор за специјални операции во единцата за специјални задачи Тигри.


тигар во акција

Единицата Тигар  исценирала сложена операција напад на бродот со употреба на пиротехнички средства. Изминатите два дена користени се и шок бомби кои според стручњаците не се опасни за околината туку создаваат само голема бучава , а целта била  да се одвлече вниманието на замислените терористи кои би се  наоѓале во бродот, хеликоптерот од една страна им го привлекува вниманието со фрлање на шок бомби, а од друга страна приоѓаат специјалците од нуркачката единица со нивните патролни чамци.

– Задоволни сме  што луѓето од бродот Галеб го прифатија нашиот предлог и излегоа во пресрет, овој брод е најубав брод и има услови да прима делегации, што се потврди со ангажирањето на претседателскиот самит и токму затоа сега ја направивме оваа вежба на бродот – вели Стевиќ. Тој  објаснува дека единцата Тигар е присутна во позадина на сите големи политички настани во Охрид, а на последниот самит на претседателите имале само превентивни интервенции во смислол на расчистување на чамци и бродови кои биле во непосредна близина на плажата кај хотелот Инекс Горица и Бродот Галеб додека со него крстареа претседателите.

Овие проверки и вежби специјалните единици ги прават откако Бродот Галеб започна да работи со државниот протокол и со протоколите на дипломатско-конзуларните претставништва во Македонија , кои во иднина при посети на високи гости и ВИП личности во Охрид ќе ги користат услугите на овој брод.

ohridnews