Спасителите успале да спасат пет машки лица кои биле држени пет дена од пет суматрански тигри заробени на дрво, откако шестиот човек го растргнале, соопштила полицијата. Претставникот на полицијата Сурја пурба рекол дека тројца дресери успале да ги одвлечат тигрите како преморените мажи би биле евакуирани од дрвото во националниот парк Леусер во Тамианг. Луѓето собирале плодови од дрва од кои се прават парфеми кога случајно во замка која ја користеле дивјаците за храна уловиле младенче од тигар. Поради тоа биле нападнати од пет тигри. Петмина од нив успеале да се качат на дрвото, додека шестиот на кој гранката на која стоел му пукнала, бил уловен и растргнат од тигрите.

На спасувачкиот тим му биле потребни три дена да стигне до оддалечената област и се грижеле дека заробените лица би можеле да бидат толку слаби од глад што би можеле да паднат од дрвото. Леусер паркот е дом на суматранските тигри и други заштитени врсти вклучувајќи и орангутани, слонови, носорози и леопарди. Суматранските тигри се најзагрозена подврста од тигрите. Останале уште околу 400 единки. Агарвуд, плодот кој го барале заробените лица, бил многу ценет поради црните ароматични бобинки кои се користат за производство на мириси и парфеми.