Обидот на една зоолошка градина во Кина да ги врати природните инстикти на белиот тигар не успеал, бидејќи во еден момент ловецот станал плен. Чуварите на зоолошката во која живее тигарот пуштиле едногодишен бик бидејќи сакале тигарот да го убие и изеде како што би постапил во дивината. Тигарот се обидел да го нападне бикот, но овој успеал да се одбрани.


Бикот го оттурнал тигарот и во еден момент го каснал за грбот. Портаролот на зоолошката градина признал дека бикот бил преголем залак за тигарот кој досега бил хранет само со свежо заклано месо. Неговиот инстикт од дивината бил изгубен, што индиректно предизвикува дегенарација на имунолошкиот систем.