Серија инциденти ја одбележаа прославата на навивачите на Лацио кои славеа 111 години од основањетона римскиот клуб. Екипата е моментално трета на табелата, а во викенд колото беше поразена од Лече со 2-1.


Најмалку 20 полицајци беа полесно повредени по судирот со навивачите на фудбалскиот клуб Лацио кој се случи во Рим токму пред натпреварот против Лече. Хулиганите палеле контејнери, кршеле излози и фрлале пиротехнички средства.

Полицијата во судирот со хулиганите употребила солзавец, а уапсен е еден 31 годишен навивач на Лацио.

Ohridnews